Светската програма за храна (WFO), една од специјализираните агенции на ОН, побара денеска 77 милиони американски долари за да обезбеди помош за 874.000 лица погодени од земјотресот во Турција и Сирија.
„WFO бара 77 милиони долари за да обезбеди помош со храна и топли оброци за 874.000 луѓе погодени од земјотресот во Турција и Сирија“, соопшти агенцијата со седиште во Рим.
Оваа помош би била наменета за 284.000 новораселени лица во Сирија и 590.000 луѓе во Турција, прецизира агенцијата на ОН.
Разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер во понеделникот ги погоди двете земји и досега однесе повеќе од 22.300 животи. WFO додава дека досега испратила помош за 43.000 луѓе во Сирија и 73.000 во Турција. Станува збор за готови оброци.
-За илјадниците луѓе погодени од земјотресот, храната е една од главните потреби и наш приоритет е да ја доставиме храната што е можно побрзо до луѓето на кои им е најпотребна, рече Корин Флејшер, регионален директор за Северна Африка и Блискиот Исток.