Во заедничкото писмо, чии потписници се, меѓу другите, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, претседателот на Франција Емануел Макрон, канцеларката на Германија Ангела Меркел, се предупредува дека никој не е безбеден сè додека сите не бидат безбедни, објави „Гардијан“.
На светот му треба глобален договор за борба против пандемијата за да ги заштити државите по пандемијата, а договорот би бил сличен на оној склучен по Втората светска војна, рече Борис Џонсон, а и некои други ликери веруваат во истото.
-Поради ескалацијата на меѓународните тензии околу набавката на вакцини, ги повикуваме државите да стават крај на изолационизмот и национализмот и да создадат нова ера во која ќе преовладуваат принципите на солидарност и соработка, стои во писмото, зад кое стојат 24 држави.