Колони на бродови синоќа повторно тргнаа низ каналот, откако беше поместен заглавениот товарен брод „Евер Гивен“ долг 400 метри од точката каде што се наоѓаше од 23 март.

Уште 140 бродови се очекува да поминат преку Суецкиот канал денес откако 113 брод поминаа во текот на ноќта, изјави претседателот на Управниот одбор на Суецкиот канал, Осама Рабија.

Тој рече дека 95 брода ќе поминат до 19 часот по локално време и уште 45 до полноќ, потврдувајќи ги неговите надежи дека заостанувањата предизвикани од блокадата ќе бидат надоместени за три до четири дена.

Доцнењето во навигацијата по Суецкиот канал, кое носи до 20 проценти од светската поморска трговија, нанесе штета вредна десетици милијарди долари на светската трговија.