Кумановската полиција санкционираше 20 возачи на мотоцикл, соопшти денеска СВР Куманово. Акциската контрола била спроведена вчера на подрачјето на секторот.
-Од 20 санкционирани, 11 не користеле заштитна кацига, три лица управувале мотоцикл без положен возачки испит, односно без возачка дозвола, двајца мотоциклисти биле санкционирани за измината важност на сообраќајната дозвола, една мерка за управување на нерегистриран мотоцикл. При акциската контрола констатирани и соодветно санкционирани се и други видови прекршоци, информираат од СВР Куманово.
Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и наредните денови. Од СВР Куманово апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.