Во текот на изминатата вечер во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.

При тоа приведено е едно лице поради нарушување на јавниот ред и мир, а била спроведена и сообраќајна контрола при што санкционирани биле 28 возачи, 14 возила биле отстранети со специјално возило Пајак.

Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.