Нивното отсуство, вешто и умешно го користат поединци, кои влегуваат во домовите и најчесто одземаат златен накит или пари.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до оние кои организираат или учествуваат на свадбени или други празнични свечености, во тоа време задолжително да ги заклучуваат влезните врати и да не ги оставаат отворени прозорците.
-До граѓаните се апелира, исто така, доколку забележат непознати, сомнителни лица во близина на куќите или становите, да ги пријават во најблиското полициско одделение или станица, на бесплатниот и веќе познат телефонски број 192, со што во голема мерка ќе помогнат за нивно ефикасно идентификување и оневозможување да извршат кражби или друг вид криминал, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.