Најголемиот број од мерките -11 (ТЕ-7 и ГВ-4) се однесувале на непропуштање на пешаци на пешачки премин, по што на сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид сообраќаен прекршок изнесуваат 250 евра во денарска противвредност, како и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

При контролата, исто така, биле откриени и адекватно санкционирани и 25 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-6).