Јужна Африка првпат го пријави постоењето на овој сој на 24 ноември. Досега познат како Б.1.1.529, тој во меѓувреме е откриен и во Белгија, Боцвана, Хонгконг и Израел.
-Раните докази сугерираат дека постои зголемен ризик од повторна зараза со оваа варијанта. Бројот на заразените со оваа варијанта се зголемува во Јужна Африка. Таа содржи голем број мутации, од кои некои се загрижувачки, соопшти СЗО.
СЗО наведуваат дека прелиминарните истражувања покажуваат дека сојот носи поголем ризик од реинфекција од другите соеви. Оттаму додаваат дека ќе бидат потребни недели за да се разберат вистинските ефекти на новата варијанта, додека научниците утврдуваат колку е пренослива. Велика Британија, Европска Унија, Швајцарија, Израел и Јапонија веќе објавија дека привремено ги прекинуваат авионските врски со Јужна Африка и неколку соседни земји.