-Светската здравствена организација (СЗО – WHO) не верува дека омикрон ќе биде последната варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2, изјави во четвртокот на брифингот со новинарите директорот на програмата за идни случаи при организацијата, Мајкл Рајан.
-Би сакал (да беше последната варијанта), но ми се чини дека тоа е малку веројатно во моментов. Гледаме висока стапка на инфекции и висока стапка на пренесување на омикрон. Има и големи проблеми со иминузацијата, милијарди луѓе ширум светот сѐ уште не се вакцинирани, изјавил Рајан.
Стручњакот на СЗО изразил жалење што сѐ уште постојат „многу можности“ за ширење на вирусот и појава на нови мутации.
-Се надеваме дека тоа нема да се случи, но во моментов (во светот) не вложуваме доволно напори да го спречиме таквиот развој на настанит, додал Рајан.