СЗО со нова препорака за училиштата поради Ковид-19

С

Во училиштата би требало да се прават ПЦР или антигенски тестови за да се избегне враќањето на онлајн наставата во случај на нов бран на коронавирус, препорача денеска европскиот огранок на Светската здравствена организација.

Свет 02.07.2021. 14:13

Директорот на европскиот огранок на СЗО, Ханс Клуге, наведува:

-Летните месеци даваат шанса владите да воведат пакет мерки кои ќе придонесат за намалување на стапката ширење на вирусот за да се избегне затворање на училштата

Во заедничкото соопштение на УНЕСКО и УНИЦЕФ се оценува дека затворањето на училиштата негативно влијаело на образованието и социјалната и ментална корист на децата и младите.

Тестирањето во училиштата биможело да се препорача во случај на кластер, но СЗО смета дека може да се спроведува и во отсуство на симптоми кај учениците и вработени.

Клуге заклучува дека не можат да дозволат децата да бидат ускратени за образование и развој поради пандемијата.


Подкаст

Подкаст