Ова, како што се претпоставува, повторно би предизвикало проблеми во глобалниот синџир на снабдување и би ги усложнило напорите за сузбивање на пандемијата.
По состанокот на својот експертски панел за вакцинација, здравствената агенција на ОН го повтори своето несогласување за широката употреба на засилувачки дози во некои земји, тврдејќи дека земјите со доволно резерви можат да испратат дози во земјите со ниски приходи кои генерално немаат пристап до вакцини.
– Она што ќе ја спречи заразата е да се вакцинираат сите кои се особено изложени на ризик од болеста. Како што се соочуваме со Омикрон ситуацијата, каква и да е, постои ризик глобалното снабдување повторно да заврши во земјите со високи приходи кои, на некој начин, претерано акумулираат заштитни вакцини, изјави Кејт О’Брајан, шеф на одделот за имунизација, вакцини и биолошки производи на СЗО.