Така, четирите варијанти на корона виросот, кои агенцијата на ООН ги смета за загрижувачки и кои во јавноста и се познати како британски, јужноафрикански, бразилски и индиски, сега ги добија буквите Алфа, Бета, Гама, Делта според редоследот на откривањето, пренесува Ројтерс.

Другите варијанти продолжуваат понатаму по азбучен ред.

СЗО ги открива новите имиња по критиките дека имињата како B.1.351, 501I.V2 и 20H / 501I.V2, биле премногу сложени.

Изборот на грчката азбука следува по неколкумесечните размислувања во кои експертите разгледувале други можности, како што се грчките богови и измислени псевдо-класични имиња, според бактериологот Марк Пален, кој бил вклучен во разговорите.

Историски гледано, вирусите честопати биле поврзани со места за кои се претпоставувало дека потекнувале, како што е еболата, именувана по истоимената река во Конго.

Но, ова може да биде штетно за местата и честопати неточно, како што беше случај со таканаречената пандемија на „шпански грип“ од 1918 година, чие потекло е непознато, наведува агенцијата.

-Ниту една земја не треба да се жигосува за откривање и пријавување на варијантите, изјави епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхове.