Ова го соопшти Сијарто по разговорите со неговиот кинески колега Ванг Ји и додаде дека договорот ќе претставува голема стратешка предност за Унгарија, објави унгарската новинска агенција МТИ. Унгарија е единствената членка на Европската унија која го вакцинира населението со кинески Синофарм, а исто така ја одобри и руската вакцина Спутник V. Ниту една од овие вакцини не е одобрена од медицинскиот регулатор на 27-члениот блок.

Владата на премиерот Виктор Орбан во декември објави дека планира да изгради фабрика за вакцини.

Унгарија одвоила 55 милијарди форинти (193 милиони долари) за изградба на фабрика што треба да ја направи Унгарија самостојна во производството на вакцини до крајот на 2022 година, објави МТИ. Земјата со 10 милиони жители досега вакцинирала 5.146.949 лица, од кои над 3,6 милиони примиле две дози, соопштила владата.