Лидерот на ДПА Мендух Тачи вечерва изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно и оти очекува Владата и премиерот Зоран Заев да продолжат да функционираат.

– Добра вест, премиерот ќе продолжи, мнозинството е стабилно, го овластивме премиерот нормално ќе разговара и со други политички групации или пратеници да имаме уште поголемо мнозинство, конечно најдобрата вест е дека оваа Влада, ова мнозинство продолжува и на 15 декември се надевам дека 99,9 посто дека ние ќе добиеме датум, рече Тачи во изјава за ТВ 24, по, како што информира, состанокот во Владата со коалициските партнери.

Прашан дали на состанокот имало и претстваници на Беса, Тачи одговори потврдно.

Сепак, по изјавата на Тачи, од Беса за ТВ 24 демантирале дека нивни претставници присуствувале на денешната средба.мс/са/