Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ го обвини актуелниот претседател Алаксандар Вучиќ за попустливост, за кого како што рече „го изгуби Косово по мирен пат“.
Вели дека сегашната Влада има огромна одговорност за Косово. Тврди дека тој не би го потпишал предлогот за решавање на косовското прашање.
„Доколку се потпише договор во рамките за кои денеска се разговара во јавноста и меѓународните кругови, ќе биде многу потешко. Речиси невозможно. Оваа влада, денес тоа е очигледно, мора да била свесна за барањата што ќе бидат поставени пред Србија најмалку неколку месеци претходно и не направила ништо за да го спречи тоа. Потсетувам дека ниту во септември на Генералното собрание на ОН, Вучиќ ниту еднаш во својот говор не кажа дека членството на Косово во ОН е неприфатливо за Србија“, рече тој во интервју за Нова.
Објаснува дека Србија во војната го изгубила Косово, но и потоа по мирен пат.
„Во текот на 1990-тите Србија го загуби Косово во војната, а тоа е апсурдно што го губи во последната деценија го загуби и во мир“, рече Тадиќ.
Тој не верува дека ако Србија го прифати овој предлог дека побрзо ќе напредува во евроинтеграциите.
Инаку, Вучиќ објасни дека добил ултиматум, дека ако не го прифатат француско-германскиот предлог за Косово, странските инвестиции ќе си одат од Србија, преговорите со ЕУ ќе запрат, а ЕУ за српските граѓани ќе ги врати визите. Вучиќ вели дека мир им треба на сите за да може Србија да се развива во иднина.