Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на Србија и треба мир, нормален живот за сите граѓани, понатамошен раст и развој на земјата и подобра иднина за децата.

– Планот е да се работи уште понапорно наспроти предизвиците, да се обидеме да бидеме најдобри, да покажеме дека Србија сака дијалог и компромис, но и дека има свои принципи и очекувања – рече Вучиќ.

Тој додаде дека затоа ќе продолжи да разговара со сите за се и да се бори уште посилно за Србија

– Ќе ни треба многу енергија и многу повеќе единство, но ќе ја спасиме земјата и народот и ќе притискаме напред, бидејќи тоа е единствениот начин – рече Вучиќ.