Уривањето на улицата „9 Мај“ и узурпацијата на јавниот простор е само последниот, од многуте примери негрижа за општината и грижа само за личните интереси на кадрите од СДСМ, обвини Мартин Талески од ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера дел од улицата 9 Мај зад Универзалната сала во Скопје се одрони и пропадна во градилиште за нова зграда.
„ Герасимовски мора да одговори дали неконтролираното издавање градежни дозволи и бетонизацијата на градското јадро од компании со забрана за градежни работи повторно ќе удри врз џебот на граѓаните? Дали Центарци ќе треба да ги платат штетите кои ги трпи општината поради неговата неспособност и незнаење?“ праша Талсеки.
Во двата увида, изминатите денови инспекторите констатирале дека јамата е необезбедена. На првиот увид, заедно со општинскиот градежен инспектор и полицијата, излезе и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, и го затворија градилиштето токму поради необезбедената градежна јама.