Талибанците денеска назначија министер за финансии, шеф на разузнавачката служба и вршител на должноста министер за внатрешни работи во Авганистан, објави авганистанската новинска агенција Пајхвок, пренесуваат западни медиуми.
Министер за финансии ќе биде Гул Ага, а Садр Ибрахим ќе биде вршител на должноста министер за внатрешни работи. Наџибулах ќе биде шеф на разузнавачката служба, а Мула Ширин ќе биде гувернер на Кабул.