Тоа го соопштија денеска западни медиуми, повикувајќи се на свои извори.
Според американскиот специјален пратеник за Авганистан, Залмај Халилзад, за време на преговорите тој ги убедил талибанците да преземат таков чекор. Се очекува авионите денеска да го напуштат аеродромот во Кабул.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, вчера истакна дека САД од безбедносни причини нема да прифатат чартер летови од Авганистан до своите воени бази, доколку има голем број на непознати лица за САД, кои не ја поминале соодветната проверка.