Оваа влада е привремена. Ќе имаме позиции за жените во согласност со шеријатот. Ова е само почеток, но ќе најдеме работа за жените. Тие можат да бидат дел од владата. Тоа ќе биде нашата втора фаза, изјави Муџахид за француската БФМТВ.

На протестот одржан синоќа, демонстрантите побараа да се гарантира учеството на жените во водењето на земјата, додека талибанците, откако еден ден претходно го објавија составот на привремената влада, практично ја отфрлија таквата можност.