Талибанската власт во Авганистан почна интензивна кампања за прекин на одгледувањето на афион, со цел да спречат производство на опиум и хероин.

Талибанците на почетокот на април забранија одгледување, а предвидени се и казни за прекршителите – апсење и судење според шеријатското право.

Авганистан е најголем производител на опиум во светот и главен извор на хероин во Европа и Азија. Изминатите 20 години производството драстично се зголеми и покрај напорите на САД да се прекине одгледувањето на афион.

Авганистан по доаѓањето на талибанците на власт е отсечен од меѓународните извори на финансирање, поголемиот дел од населението тешко може да дојде до храна, а земјата е погодена од голема суша.