Романскиот Парламент го поддржува приклучувањето на Финска и Шведска кон НАТО, изјави денеска претседателот на Претставничкиот дом, Марчел Чолаку по средбата со пратениците на двете земји во Букурешт.

-Парламентот на Романија го поддржува приклучувањето на Финска и Шведска кон НАТО. Зајакнувањето на партнерството за безбедност во рамки на Северноатлантската алијанса отсекогаш било приоритет за Социјалдемократската партија, а одлуката, донесена од двете социјалдемократски влади во Северна Европа, претставува важен чекор за развојот на НАТО, објави на Фејсбук Чокалу, кој е лидер на владејачката Социјалдемократска партија.

Тој истакна дека оваа порака на солидарност и поддршкаа им ја пренел на партнерите од Финска и Шведска на средбата организирана денеска во Парламентот со пратениците на двете земји. На средбата додаде тој, било разговарано и за зајакнување на економската и воената соработка.