– Талибанските борци приведоа седум борци на ИД кои планираа терористички напади во провинцијата Хост. За време на сослушувањето, тие дадоа важни признанија, изјави гувернерот, цитиран од катарската телевизија Ал Џезира.

Во експлозија во џамија во југоисточната авганистанска провинција Хост минатата среда загина едно лице, а 14 беа повредени. Одговорноста за нападот ја презедоа екстремистите од ИД.