Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска официјално соопшти дека е кандидат за претседател на државата.
„По предлог на претседателството на Алијанса за Албанците и со поддршка на Европскиот сојуз за промени, денеска ви се претставувам како кандидат за претседател на државата“, рече Таравари.
Како што додаде тој, поддршка ќе побара од сите политички партии и од сите граѓани. Кандидатурата ќе биде поднесена со поддршка од 10.000 потписи.
Таравари е оптимист дека на изборите ќе добијат повеќе гласови од очекуваниот резултат.