Тој рече дека за 4 години, Гостивар од 2017-та година, беше рангирана како 65 -та општина со транспарентност, додека денес, Гостивар е најтранспарентната институција во Северна Македонија, која се управува од албанец.

– Ако погледнеме една анкета за кредибилитет на општините, Гостивар е рангиран на второ место, по Кавадарци. Повторно првата албанска општина со кредибилитет кон граѓаните. Само во анализата на УСАИД ние сме последни, знаете ли за што, за корупција и треба да бидеме многу горди на ова, рече Таравари.

Таравари рече дека новата програма за следните четири години се вика „Трансформација на еден град“ и дека главната точка што се промовира е четири сезонскиот туризам во нашиот град.

– Втората работа за што и бараме од вас е за да продолжиме со ефикасно управување, рече Таравари.

Таравари ги спомена и 24 -те точки што денеска ги откри против кандидатот Невзат Бејта, и додаде дека од овие точки, 18 веќе се реализирани од неговиот тим.

– Треба да го известат дека во нивната програма сеуште стои дека ќе ја поправат канализацијата во Големо,Мало Турчане и Чајле. А бе, треба да биде информиран, нека ги прашаат, бидејќи овие проекти се реализирани веќе пред една година, рече Таравари.

Арбен Таравари рече дека теренот треба да се одржува до крај, до денот на изборите.

– Ајде да разговараме и овие денови. Претседателите ми рекоа дека планираат да дојдат на 17 -ти и да слават тука навечер, рече Таравари.