Партиите ги негираат шпекулациите
Зад затворени врати и без многу информации се одвиваат разговорите за формирање на владината коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“. И покрај низата објави на имиња и ресори, во двете партии тврдат дека сè уште е рано да се зборува за ресори и имиња на луѓе кои ќе ги раководат министерствата. И двете страни велат дека разговорите се одвиваат без проблеми, концентрирани на реформите и економијата за идниот период.
Таравари даде најави за косовската телевизија
Во интервју за Радио телевизија Косово – РТК, Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата Вреди, изјави дека „Албанците ќе имаат шест министри во идната влада која ќе се формира на почетокот на јуни“. Тој рече дека Вреди ќе ја има и функцијата претседател на Собранието.
Според пишувањата на албанските медиуми, има повеќе имиња дека како шпекулација кој „се мести“ за функцијата претеседател на Собранието.
И покрај тоа што самиот Таравари, кој неодамна беше претседателски кандидат, негираше инволвираност во извршната власт и најави дека сака да остане градоначалник на Гостивар, останува да видиме дали ќе остане градоначалник.
Уставни измени се во втор план
Јавноста ја чека оптимистичката најава дека до следниот петок двете страни ќе се договорат за распределба на ресори и имиња. Аналитичарите не очекуваат турбулентен период во формирањето влада особено по најавата на Мицкоски за обезбедено сигурно парламентарно мнозинство од една страна, а од друга дека коалицијата „Вреди“ би ја испуштила шансата да покаже што умее. Уставните измени се во втор план иако не се заборавени, но дали ќе се камен на сопнување.
Гаши вели дека е клучни се реформите
Еден од лидерите на „Вреди“, Африм Гаши за МТВ неодамна изјави дека помалку се битни ресорите и добивањето министерства од тоа да се спроведат реформи во клучните области и подобрување на животниот стандард.