Во изјава за медиумите тој информира дека останува на позицијата и во Гостивар нема да има гласање на 30 октомври.
„Поминуваме од прв круг. ДУИ се обидува да прави проблеми со записниците, но имаме 53 отсто од гласовите од избројани 98 отсто од гласачите кои денеска одлучувале кој ќе биде градоначалник на Гостивар. Победуваме во прв круг“, изјави Таравари.