-Состојбата со ковид 19 е алармантнa и треба да бидеме внимателни за тоа како постапуваме и какви одлуки носиме. Велат дека има болнички кревет, а од повеќето мои пријатели добивам информации дека нема места и за жал има голем број лица кои се лечат во домашни услови. Мора државата да направи протокол по кој ќе се водат фамилијарните доктори, се уште не можам да разберам зошто министерот не презема чекори приватните болници да бидат напомош Крајно време е министерот за здравство да донесе одлука сите капацитети од приватните болници да и се дадат на државата додека трае третиот пик, вели Арбен Таравари од Алијанса за Албанците во Студио 10.
Таравари додаде дека третиот пик е поголем и посериозен од вториот пик.
-Треба да се размислува за ограничувачки мерки, требаше пред 10 дена да се започне со рестрикции. Полицискиот час по 22 часот е хипокризија, вели Таравари.