– Секој месец слушаме дека ќе имаме вакцини, крај на јануари, почеток на февруари, па крај, па крај на март и сега почеток на април, но вакцини нема, додаде тој.

Гостиварскиот градоначалник истакна дека државата досега набави нула вакцини, а се што пристигна беше подарок, за кој се цела влада се сликаше како којзнае што да направиле, а во меѓувреме делуваат како раштиман оркестар и сите кажуваат различни бројки за вакцини кои врска немаат.

– Руските вакцини ни ги дадоа како поклон, а до пред месец дена не им текнуваше да набават други вакцини. Очекуваа од Ковакс, министерот за здравство кажува бројка која нема врска од 800.000, Груби ако слушнете ќе ви каже 2 милиони, а некој му јавил да му донесе 5 милиони, а премиерот 1,4 милиони. Раштиман оркестар, сериозен човек не може да ги разбере. Ковакс за Македонија има предвидено 103.200 а овие. Спомнуваат милиони , потенцира Таравари.

Тој додаде дека бројките укажуваат дека сме шампиони во регионот, по процент на позитивни од вкупниот број на тестирани, но и на починати, воедно и по релевантни светски часописи ние во Македонија по број на вакцинирани на милион жители сме на 170 место, полоша од афричките држави кои се перцепираат за најсиромашни и најуназадени.

– Ако споредите во соседството во Србија има веќе два милиони вакцинирани, во Албанија над 50-60.000, да не зборуваме за Грција Бугарија, Хрватска, Словенија и Босна има вакцини. Само Косово има избори и влада и е слична на нас, нагласи Таравари.

Тој вели дека владата не смее да се потпира само на Фајзер, туку треба да набави и од повеќе производители како Џонсон и Џонсон, Спутник, кинески, а луѓето сами да си решат со која ќе се вакцинираат.