Законот за правична застапеност е речиси финализиран и подготвен за понатамошни консултации, изјави Арбен Таравари, лидер на коалицијата ВРЕДИ. Според него, текстот на законот е креиран со поддршка од меѓународни правни експерти, а следниот чекор е координација и усогасување пред да биде доставен на разгледување во Собранието. Таравари нагласи дека нема пречки да се побара мислење од Венецијанската комисија, изразувајќи увереност дека мислењето ќе биде позитивно.

Меѓународна поддршка зад текстот на законот

Арбен Таравари објасни дека законот е резултат на работа на кредибилни меѓународни експерти кои имаат углед во меѓународните правни институции. Тој смета дека процесот е добро воден и дека текстот е квалитетно подготвен.

  • „Законот е подготвен од експерти со меѓународен углед. Не сакам да именувам конкретни лица, но тие се реномирани во правните кругови,“ изјави Таравари.

Портпаролката потврдува дека законот не е официјално разгледан 

И покрај изјавите на Таравари дека законот е подготвен, портпаролката на Владата, Марија Митева, потврди дека законот сè уште не е официјално разгледан во Владата. Оваа изјава покажува дека процесот сè уште е во фаза на подготовка усогласување.

Стојановски: Широка дебата за законот во Собранието

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, во емисијата DailyClick на ТВ21 нагласи дека законот за правична застапеност ќе биде предмет на широка дебата во Собранието. Тој изрази надеж дека по добивањето на мислењето од Венецијанската комисија, ќе се постигне консензус, а законот ќе биде усвоен со поддршка од сите политички партии, вклучувајќи ја и ДУИ.

ДУИ со претпазливост: Прво да го видиме текстот

ДУИ, од своја страна, одлучи да не коментира за законот додека не го види официјалниот текст. Нивната загриженост се однесува на неодамнешната одлука на Уставниот суд за укинување на барањето за декларирање на етничка припадност, со што беше укинат и „Балансерот“, кој го следеше правичниот распоред во институциите. Според ДУИ, оваа одлука е штетна за правата на заедниците и ќе има сериозни последици за правичното функционирање на институциите.

  • „Укинувањето на Балансерот е директен напад врз правичната застапеност и ќе има сериозни последици врз функционирањето на институциите,“ изјавија од ДУИ, додавајќи дека нема јасност околу новиот механизам што ќе го следи процесот по одлуката на Уставниот суд.

Очекувања и предизвици: Чекајќи консензус и мислење од Венецијанската комисија

Иако законот за правична застапеност е подготвен, процесот на негово усогласување и одобрување сè уште е во тек. Се очекува мисењето од Венецијанската комисија да биде клучен фактор за натамошните чекори, додека политичките партии ќе треба да работат на постигнување консензус за законот да биде усвоен со поддршка од сите страни.