Актерот Сашо Тасевски повторно беше остар и без „влакна на јазикот“ по инцидентите со бугарските навивачи во Скопје.
Дел од бугарските навивачи провоцираа во Скопје и порачаа дека „Македонија е бугарска земја“.
– Дали некој од таканаречените Бугари во Македонија ги осуди изјавите и однесувањето на бугарските навивачи, кои пред тв камери велеа дека Македонија е бугарска? Не. И сакате да ве внесеме во уставот? Никогаш не осудивте јавно ниту еден бугарски наратив против Македонците. Никогаш. И уште барате да ве признаеме во уставот? Нема да може. Вие сте поддржувачи на Бугарија во нејзината шовинистичка негаторска политика кон Македонците. Дали Бугарија како држава го осуди она шовинистичко дивеење на навивачите во Скопје? Не. Напротив, таа ги брани. Тие биле жртвите. Тие тоа и го најавуваа дека ќе прават проблеми. Полицијата затоа не смееше ни да ги пушти во државава. До кога како полиција и држава ќе дозволувате разби бугарски провокатори и агенти да организираат негаторски фешта против македонството кај нас дома? До кога бе? Во сопствена земја примитивци да не негираат како народ и вие ги оставате, наместо на клоци да ги исшутирате до граница. Ако. Само ни даваат причина повеќе да се бориме нивното малцинство да не влезе во нашиот устав. А само за нив и сакаат и да го отворат нашиве квислинзи. Црногорците и Хрватите им се само изговор, иако тие заслужуваат да влезат. Покажале почит кон нас во секоја ситуација. Бевме и Останавме браќа и сестри со нив. И знаат дека се наши пријатели и разбираат дека не се тие причината што не сакаме уставот да се отвори, објави Тасевски.