Актерот Сашо Тасевски ја искоментира актуелната ситуација за Ивана Атанасоска која има цистична фиброза и чека државата да ѝ помогне и да набави модулаторна терапија. Тој е револтиран од властите и вели дека болните немаат време за чекање. Тој алудира на фактот колку е сериозен овој проблем и дека светот треба да дознае за овој проблем и прашува „Милион и пол евра за лек немате?“.
Неговиот став ви го пренесуваме во продолжение:
Вчера се чув со Ивана.
Колку е храбра. Во моментов и работат само 40 посто од белите дробови. Се движи многу, да не падне брзо во онаа опасната, терминална фаза.
Лекот кој чини 16000 евра по пациент ќе го крене нејзиниот капацитет за 30 проценти. Ќе го продолжи нејзиниот живот.
130 пациенти од цистична фиброза меѓу кои многу деца, чекаат посрани милионипол евра од оваа посрана држава, за да поживеат што подолго. И таа пропадната држава која дава 200 илјади евра за секс лубриканти, да им лизга во газот, милиони евра за патни трошоци на пратеници и нови возила за министри, нема евро во каса за лекови на болните од цистична, рак, дијабетес… ќе се состанат. ќе видат, ќе одлучат.. Знаете празници се ближат, има многу скапи хотели по светов и скијачки центри. И џакузи има по апартманите да тртат во нив партиски калаштури и секретарки по скијањето. Да им ги полеваат сливите со скап шампањ.
Ама болните време немаат за празнување и скијање. Замисли да си болен и да си речеш за време на дочекот на Новата: Можеби ми е последна… татко ми, мајка ми плаќале здравствено цел живот а сега здравството нема пари да ми купи лек за да ја дочекам и таа година по оваа Новата… и таа по неа…
Сега гледам ми пишале добри луѓе, еден Кире и Дејан и Славе, сакаат да помогнат финансиски. Лавови, но…
Не знам. Системски е проблемот. Болните од цистична, немаат време за чекање, да се собираат прилози. Државата мора итно да го купи лекот. Милионипол евра за лек немате?
Ме заебавате?
Дајте по една плата сите вие министри, заменици министри и директори и ете пари за лекот. Утре на седницата во Собрание ова нека ви биде единствена точка. Донесете одлука веднаш да се купи лекот и терајте на скијање, кршете таму глава раце и нозе… Дупете калаштури во џакузито. Нека ви пукне срце од вијаграта.
Светот треба да чуе за ова бе, колку сте неспособни психопати.