Четириесет и седумгодишен тетовец, вчера (1 ноември) во 20 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека подолго време неговиот 19- годишен син В.Љ. се однесувал агресивно и му се заканувал по живот.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пријавениот денеска е повикан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.