Сопственикот на 500 крави и неговите ќерки добија осум дена притвор

Сопственикот на над 500 крави и неговите ќерки ќе бидат задржани осум дена во притвор, дознава Телма. Обвинителството претходно информираше дека ОЈ Крива Паланка поведува постапка против три лица за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

(ВИДЕО) Мис ,,краварката” се судри со полицијата: Хаос во Крива Паланка

Сериозна закана и попречување на службени лица

Според истрагата, осомничените на 2 декември, со употреба на сила и сериозна закана, спречиле претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, придружени од полициска асистенција, да спроведат правосилно решение за одземање крупен добиток. Јавниот обвинител ја земал предвид опасноста од бегство, како и можноста делото да се повтори, па до надлежниот суд поднел предлог за определување притвор за сите тројца.

Обвинетите тврдат дека немале увид во документите

Ѓорѓиевска, една од ќерките, за Телма изјави дека никој од АХВ не ги контактирал пред одземањето и дека не им бил покажан документ врз кој се спроведува постапката. Таа побара итна, независна и транспарентна истрага за употребата на сила врз нив, за постапувањето со животните, како и за можни прикриени докази и заштита на нивните човекови права.