Инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјора Османи останува да биде топ тема во регионот.

Претседателката на Косово, Вјора Османи се пожали дека вчера на скопскиот аеродром еден од вработените се обидел да ја турне. Османи обвини за тоа дека спротивно на дипломатските правила вработениот од ТАВ Македонија се обидел да ѝ го одземе телефонот и ташната, а со тоа ѝ биле скратени дипломатските привилегии. Таа обвинува за тоа што летот повеќе од еден час не полетал за Словенија.

Османи обвинува за насилничко однесување

Во реакцијата на Вјора Османи се обвинува за „арогантно и насилничко однесување“, а воедно сметаат дека ѝ биле одземени предмети кои е недозволиво да се дадат.

Однесувањето е без преседан и никогаш не се случило на ниту едно патување на претседателката никаде во светот, пишуваат од кабиентот.

Од ТАВ Македонија ја демантираат Османи

Сепак, од ТАВ Македонија велат дека категорично ги отфрлаат обвинувањата. Тие објаснуваат што се случувало во ВИП салонот и објаснуваат како се одвива процедурата.

„Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето во авион на патникот.

Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на Владата на Република Северна Македонија, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи. Насоките што ги доби нашиот Оддел за обезбедување од страна на Одделот за заштита на одредени лица и објекти јасно кажуваат дека членовите на делегацијата мора да поминат стандардна безбедносна проверка во согласност со утврдените процедури“, соопшти ТАВ Македонија.