Почина Драган Лабовиќ
Кошаркарската и спортската јавноста во Србија, а и целиот Балкан е завиена во црно. Причината за тоа е смртта на 38-годишниот Драган Лабовиќ.
Лабовиќ своевремено важеше за еден од најталентираните играчи на својата генерација, освојуваше медали со националниот тим во младите категории, а потоа настапуваше и за сениорската селекција.
Позната причината за прераната смрт
Лабовиќ во последните години имаше здравствени и ментални проблеми, заврши и во психијатриска болница. Неодамна јавно и директно говореше на сите теми во подкастот „Јао Миле“. Оваа емисија особено е популарна меѓу фановите на спортот, особено кошарката. Причината за прераната смрт е срцев удар.
Кариера
Драган Лабовиќ имаше богата интернационална кариера. Ја започна во ФМП за да потоа игра во Грција, Германија, Русија, Полска, Турција, Либан, Романија, Финска за да во завршницата заигра и во Македонија во редовите на Карпош Соколи кога овој тим беше дел од АБА лигата.
Клубот од Карпош во таа сезона беше супер тежок противник за МЗТ Скопје во домашното првенство и за малку фалеше да го симне од тронот, но го освои Купот на Македонија. Оттогаш па наваму МЗТ е најтрофеен македонски кошаркарски клуб.
МЗТ Скопје е најтрофеен кошаркарски клуб во Македонија: Аеродромци ја одбранија шампионската титула
Извор: Дерби