На 60 годишна возраст, почина долгогодишната новинарка и одговорен уредник на Сателитскиот Сервис на МТВ1, Јулијана Тануровска.

Тануровска целата своја новинарска кариера ја посвети на МРТВ и како репортер и како уредник во информативната програма и на Сателитскиот сервис, детално и со прецизен новинарски израз. Јулијана Тануровска ги обработуваше темите, а најголем акцент ставаше на образованието и на црквата.

Погребот ќе се одржи в недела на Градските гробишта во Бутел.

Извор: Курир