Во 75-тата година од животот почина Марко Илковски, долгогодишен новинар во Македонското радио.

-Илковски целиот работен век го помина пред микрофонот на Радиото, на кое му го посвети секој миг од раните утрински до ноќните часови. Остави траен белег во Радиото со многу документарни емисии и програми посветени на нашите иселеници, Македонската Православна Црква и на сите драматични настани во историјата на македонската држава, информираат од Македонското радио.

Посмртните останки на Марко Илковски се изложени денеска во капелата на Градските гробишта Бутел.

Како што објавија неговите роднини на „Фејсбук“, Марко Илкоски беше доајен на новинарството и целиот животен век го помина како новинар во Македонското Радио.

-Со телото во Скопје, со срцето во Битуше, со децении пишуваше книга и родослов за нашата фамилија до Дедо Илко од Солун од пред 300 години стигна, така ми кажа, напиша водителот и новинар Јанко Илковски на „Фејсбук“.