А во меѓувреме течат роковите за формирање на новиот владин состав. Поделбата на ресорите е позната. Новата влада ќе има 20 министерства, четири повеќе од досега. Со шест од нив ќе раководи кадар од коалицијата „Вреди“, додека две одат во рацете на Движењето ЗНАМ.

Минатата недела претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го доби мандатот за формирање на влада. Викендов со 88 гласа „за“, на собраниска седница поминаа измените на Законот за реорганизација на државната управа. Поддршка дадоа и пратениците на Европскиот фронт, откако бил постигнат договор во за формирање ад-хок комисија која ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа.

Иако рокот за формирање на влада е 20 дена по доделувањето на мандатот, Мицкоски најави дека тоа ќе се случи порано од предвидениот законски рок.

Извор: МРТ