Различни толкувања меѓу Вашингтон и Техеран

Меѓу Вашингтон и Техеран се појавија различни толкувања околу статусот на иранската нуклеарна програма, откако двете страни во јавноста излегоа со спротивставени изјави.

Иран тврди дека нема нови договори

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска изјави за иранската новинска агенција ИРНА дека Иран не преговарал за својата нуклеарна програма и не прифатил никакви нови обврски. Тој посочи дека соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија ќе продолжи во согласност со постојните процедури, одлуките на иранскиот Парламент и Врховниот совет за национална безбедност на Иран.

Вашингтон говори за чекор кон денуклеаризација

Реакцијата од Техеран следува по оптимистичката изјава од Белата куќа. Претходно денеска, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека Иран се согласил повторно да ги повика инспекторите на МААЕ во земјата. Според Венс, тоа претставува „голема пресвртница за американскиот народ“, добар темел за конечен договор и голем чекор кон денуклеаризација на Иран.