Одлука по разговорите за деескалација

Вашингтон донел привремена одлука за укинување на дел од санкциите поврзани со иранската нафта, по првата рунда разговори за деескалација на конфликтот и можен мировен договор.

Суспензија од 60 дена

Според американското Министерство за финансии, воведена е 60-дневна суспензија на санкциите, со што се овозможуваат ограничен извоз, транспорт и трговија со иранска нафта. Одлуката следува по позитивните сигнали од посредниците и изјавите на потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, кој посочил дека во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран е забележан напредок кон постигнување договор.

Дозволата важи до 21 август

Мерката е дел од 60-дневен меморандум за разбирање, потпишан на 17 јуни меѓу двете страни. Американскиот секретар за финансии Скот Бесент оценил дека разговорите се одвиваат продуктивно и дека одредени точки веќе се имплементираат. Според одлуката, привремената дозвола важи до 21 август и опфаќа транспорт и трговија со сурова нафта, петрохемиски и нафтени деривати од иранско потекло, како и ограничен увоз на иранска нафта во САД.