Државната изборна комисија ги објави првичните проекции за бројот на освоени пратенички мандати во Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освои 58 пратеници, СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ има 18 пратеници, Европскиот фронт, предводен од ДУИ е со 19 мандати, коалицијата „Вреди“ освои 13 пратенички места, а во Собранието пратеничка група ќе имаат Левица и Знам, кои освоија по 6 пратеници.
Конститутивната седница се одржува најдоцна 20 дена по изборите, а треба да ја свика сè уште актуелниот претседател на Собранието, Јован Митревски. Ако не закаже пленарка, 21-от ден тоа го прави највозрасниот пратеник.
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
Ова се 11-ти парламентарни избори од независноста на државата.