Времето утре ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневната температура ќе достигне до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе преовладува претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Посвежото и претежно сончево време, со мала до умерена облачност во текот на денот, ќе се задржи до крајот на новата работна седмица.
Во вторник во северните делови од земјава наместа ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ќе го промени правецот и ќе дува од југоисток.
