Бојан Богески – Боко возач и обезбедување на лидерот на Левица Димитар Апасиев во петокот вечерта во прилично алкохолизирана состојба во скопската населба Чаир провоцирал и навредувал по етничка линија, влегол во конфликт со граѓани, како и со припадници на полицијата, по што го излвлекол поделебиот крај, пренесува 24Инфо.
Среде Чаир Богески навредувал и им се заканувал на етнички Албанци, а тоа го потврдуваат и дуќанџиите кои биле присутни во моментот, а кои редакцијата на 24Инфо ги контактираше.
Боко бил приведен од интервентата полиција поради нарушување на јавниот ред и мир, како и поради омаловажување на службените лице и непостапување по наредба на полициски службеници.
Претходно, различни медиуми пишуваа дека синоќа Боки, телохранителот и возач на Апасиев бил казнет затоа што пијан управувал со автомобил, а воопшто и немал возачка дозвола.
24инфо од свои извори во МВР дознава дека Бојан Богески – Боко и претходно бил сакциониран поради возење без возачка дозвола и поради возење во алкохолизирана состојба.
Политичката партија Левица денеска го демантираше овој случај, тврдејќи дека посоченото лице не е обезбедување на Апасиев, туку дека бил дел од нивниот партиски сектор Безбедност, иако на многу фотографии се гледа дека Богески дејствува како лично обезбедување на лидерот на Левица.
За оваа вест првични информации имаше вчера, а истата може да ја прочитате ТУКА. Со коментари се јавија и од Твитер заедницата, а истите може да ги погледнете во продолжение.
Бојан Богески – Боге телохранител и возач на Апасиев вози без возачка дозвола и во неколку наврати е стопиран од полицијата! Алфите го имаат приведувано, затоа што го нарушувал ЈРМ и ги омаловажувал полицајците!
Каква багра! Апасиев не е на власт а веќе прави нереди!— Ава (@AvaOdBolivud) January 22, 2023