Познатиот „Spectator Index“, на Твитер ја споредли информацијата дека топлотниот бран во Канада руши рекорди веќе трет ден по ред, а до сега се забележани над 130 ненадејни смртни случаи како последица на истото.
Се претпоставува дека од последиците на тековниот топлотен бран во Канадапочинале најмалку 134 лица. Како што вчера објавија полициските служби, ненадејни смртни случаи биле забележани во пошироката регион на метрополата Ванкувер. Очигледна е врската со екстремните горештини што ги погодија Канада и северозападниот дел на САД. Во вторникот, канадската метеоролошка служба забележа нов национален температурен рекорд во местото Литон, Британска Колумбија, трет ден по ред: Температурата достигна 49,5 Целзиусови степени.
– Се наоѓаме среде најжешката недела што некогаш ја доживеала Британска Колумбија, премиерот на провинцијата на западниот брег на земјата, Џон Хорган, на прес-конференција.