Според неговите зборови, земјите западно од Украина, како што се Полска, Унгарија и Романија имаат сопствени цели, вложувајќи пари во пограничните подрачја и активно давајќи свои пасоши на Украинци.

– Ние не сме економски самостојни, не можеме да се издржуваме, немаме перспективна иднина, живееме на кредит, рекол Мураев.

Тој го критикувал претседателот Владимир Зеленски за неговите зборови дека наводно СССР бил “агресор”, укажувајќи дека по таа логика треба да се вратат пет области, кои Европа и ги подарила на Украина.

Претходно за можен распад на Украина зборувал и поранешниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили. Според неговите зборови, државата се наоѓа на раб на распад поради растот на централизацијата.