Нова драма се одвива на северот на Косово, јавува српскиот медиум Курир.рс.

Неколку стотици специјалци, кко што пишува тој медиум, вооружени до заби, придружувани од оклопни возила, влегле во северниот дел на Митровица и го блокирале целиот град.

Полицијата на Косово вечерва соопшти дека во наредните денови ќе го засили присуството на северот на Косово и додаде дека одржувањето на јавниот ред е една од нивните главни цели.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, д-р Петар Петковиќ одржа вонредна медиумска конференција на оваа тема.