Отсуство на дијалог со американските партнери

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за германскиот „Шпигел“, зборуваше за пречките во комуникацијата со американските партнери. Тој истакна дека од февруари не разговарал со потпретседателот Џеј Ди Венс. Ова следува по жесток вербален конфликт во Овалната соба во Белата куќа, каде присуствувал и претседателот Доналд Трамп. Зеленски посочи дека оваа ситуација влијае на тековните дипломатски напори.

„Контактирав со сите советници за безбедност, подготвени се да учествуваат, но со Виткоф има некаков проблем. Немам телефонски контакт со него. Мојата екипа се сретна со него во Париз, а шефот на кабинетот исто така разговараше“, изјави Зеленски за „Шпигел“.

Извор: Plusinfo