700 маринци на пат кон Лос Анџелес – протестите не стивнуваат
Владата на Доналд Трамп нареди испраќање на околу 700 маринци стационирани во јужна Калифорнија во Лос Анџелес, како дел од федералната стратегија за справување со протестите што избувнаа поради засилените рации на имигранти без документи. Ова предизвика дополнителен немир на улиците и сериозни реакции од демократските лидери, кои предупредуваат на можно излегување од уставните рамки и опасност од национална криза.
„Ова е директна и вонредна употреба на воена сила за поддршка на полициска операција“, алармираат од локалната управа, објаснувајќи дека задачата на маринците е да ги заштитат федералните објекти и персонал, но само привремено – додека не пристигне главниот контингент од 4.000 припадници на Националната гарда.
Паралелно, министерката за домашна безбедност Кристи Ноем најави нов бран рации врз имигранти, што дополнително ги разгоре протестите. Трамп, пак, ги означи протестите како „незаконски“, обвинувајќи ги демократските локални власти дека не направиле ништо за да ги спречат.
Погледнете го видеото.
This rioter tried to set a trap for the Horse Mounted Los Angeles Police by trying to light them on fire with a line of gasoline poured in their path.
Is this what they mean by peaceful?
— Spitfire (@DogRightGirl) June 9, 2025
Калифорнија возвраќа со тужба – Трамп се заканува со апсење
Во обид да го блокира распоредувањето на маринците и гардистите, сојузната држава Калифорнија поднесе тужба против администрацијата на Трамп. Гувернерот Гевин Њусом го нарече потегот „непогрешлив чекор кон авторитаризам“. Тој истакна дека само тој како гувернер има надлежност да ја повика Националната гарда.
„Моја уставна должност е да ја повикам гардата. Ова е упад во државната надлежност“, изјави Њусом, по што претседателот Трамп се закани дека ќе го уапси.
Распоредувањето на маринците беше објавено на четвртиот ден од протестите. Тогаш полицијата почна да растерува илјадници демонстранти пред сојузниот центар за притвор во Лос Анџелес, каде се држат уапсените имигранти. Апсења веќе се регистрирани, а тензиите не стивнуваат.
НАСИЛСТВОТО ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Гувернерот Њусом не реагираше со денови, велат од Белата куќа
Иако Трамп не се повика директно на Законот за бунт како за сега во Лос Анџелес, тој има ограничени овластувања како врховен командант да распореди војска под одредени услови. Последен пат ваква интервенција со воена сила се случила во 1992 година, кога претседателот Џорџ Буш испрати војска по барање на гувернерот на Калифорнија за време на немирите во Лос Анџелес.
Извор: СДК