Денеска во 13.45 часот, во СВР Охрид приведени се три лица од струшкото село Велешта, информираат од СВР Охрид.

„Тие претходно пред Основниот суд во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“ – изјави попладнево портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.